11 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПрашање кое ќе ви помогне да ги најдете најдобрите соработници

Прашање кое ќе ви помогне да ги најдете најдобрите соработници

intervju-za-rabota

Крис Копланд, автор од LinkedIn, во текот на последната деценија направил стотици интервјуа за работа. Разговарал со сите волонтери и кандидати за работа. Тоа го инспирирало да го измисли прашањето кое ќе му олесни во потрагата по најдобриот кандидат. Тој сите идни работодавци ги советува на кандидатите за работа да им го постават прашањето: Која е вашата лудост?

На прв поглед тоа прашање нема никаква врска со способноста на лицето да ги извршува своите задачи. Меѓутоа, како што тврди Копланд, одговорот на ова прашање ќе ви покаже дали кандидатот е успешен. Еве објаснување што треба да направите.

Прашањето е крајно неочекувано. Речиси сите кандидати однапред ги подготвуваат одговорите на прашањата за кои веруваат дека ќе бидат поставени. Компаниите поставуваат слични прашања кои во извесна мера ги прилагодуваат на својата работа. Неочекувано е кога некој ќе ви постави прашање дали со нешто сте опседнати или дали сте невротични. Но денес бизнисот е непредвидлив, односно често се случуваат непланирани работи. Ако кандидатите не можат да се снајдат со малку поинакво прашање, тешко дека ќе можат да се снајдат во бизнисот.

Одговорот на прашањето ја открива свеста на кандидатот. Една работа е како кандидатот ќе го разбере прашањето, а сосема друга е дали на тоа прашање искрено ќе одговори. Суштината на ова прашање е од кандидатот да побара искреност и отвореност, за кои многумина не се подготвени, особено не пред непознати лица. Вистината е дека сите ние имаме некоја лудост. Оние кои тоа добро го прифатиле, ќе бидат одлични работници.

Всушност, многумина се квалификувани за обавување на одредена работа, но за успехот е потребно повеќе, потребно е да се пронајдат луѓето кои сакаат да победат. Тоа се оние кои знаат да се прилагодат, да ги решат предизвиците и да имаат своја страст. Кога ќе пронајдете некој кој е свесен за својата „лудост“, кој ја прифатил таа лудост и без страв ја споделил со вас, сте пронашле некој кој ќе чекори заедно со вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП