25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHSBC: Не е време за поголеми приходи

HSBC: Не е време за поголеми приходи

77335691653e3205343d8f060303138_640x517

Нето профитот на британскиот банкарски гигант „HSBC“ во првата половина од оваа година се намали за 5,4 проценти на 9,46 милијарди долари.

Причината е се поголемата загриженост околу глобалниот економски раст и зголемувањето на геополитичките тензии.

„Не е момент за преземање на напори за зголемување на приходите, бидејќи глобалната економија сеуште закрепнува од економската криза од 2008 година“, изјави извршниот директор на HSBC, Даглас Флинт, пренесува агенцијата АП.

Флинт во соопштението наведува дека „со оглед на големата загриженост во поглед на одржливоста на економскиот раст на многу големи пазари и зголемувањето на геополитичките тензии, управниот одбор на банката смета дека не е време за преземање на поголем ризик со цел да се неутрализираат негативните последици од ниските приходи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП