25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРезултати од системот капка по капка од проект на УСАИД

Резултати од системот капка по капка од проект на УСАИД

soncogledjkcnhfureihfre

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси денеска на поле во село Горно Оризари ќе ги презентира иницијалните резултати од првото поле со сончоглед во Македонија наводнувано со систем капка по капка.

Системот капка по капка беше поставен на опитното поле во јуни оваа година со донација од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси. На полето од еден хектар се очекуваат приноси од околу 5 тони, четири пати повеќе од националниот просечен принос од 1,2 тони по хектар. Квалитетот на сончогледот е, исто така, значително подобрен во споредба со насадите кои не се наводнуваат, а со тоа се гарантираат и повеќе од двојно поголема откупна цена.

На презентацијата ќе присуствуваат одгледувачи на сончоглед од вардарскиот, североисточниот, полошкиот и пелагонискиот регион кои се заинтересирани за користење на системот капка по капка на нивните посеви.

Како што информира организаторот, за Македонија да ги задоволи своите потреби и да го замени увозот на сончоглед со домашно производство, доволно е просечните приноси да се зголемат за само 70 отсто, од 1,2 тони по хектар на 2,1 тони по хектар. Системот капка по капка е ценовно најефикасниот начин за зголемување на приносите затоа што драстичното подобрениот квалитет и квантитет дозволуваат системот да се отплати за само една сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП