24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарите не го сакаат еврото

Бугарите не го сакаат еврото

bugari-evro

Бугарите ја поддржуваат Европската Унија, приклучувањето на Шенген зоната и зачувувањето на монетарниот одбор, но не сакаат наместо левот да го воведат еврото како платежна валута.

Според резултатите од истражувањето на Институтот “Отворено општество”, кое беше спроведено од 16 јуни до 6 јули на репрезентативен примерок од 1167 испитаници, речиси две третини или 65 отсто не се согласуваат со воведувањето на еврото.

Најголема поддршка за еврото дадоа жителите на Софија – 22 отсто, а поддршката во руралните области е одвај 14 проценти. Еврото како валута од 2002 година го користат 18 држави, а следната година ќе се приклучи и Литванија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП