27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсториски максимум на обемот на пазарот на уметнички дела

Историски максимум на обемот на пазарот на уметнички дела

0,,15919430_303,00

Глобалниот пазар на уметнички дела забележа раст од 17 отсто во првата половина од 2014 година, надминувајќи седум милијарди долари, со што го постигна историски рекорд за овој период од годината, јави дописникот на МИА од Париз.

Според податоците на француската компанија „Артприцем“, која е специјализирана за пазарот на уметнички дела,  продажбите на јавните наддавања на уметнички дела во светот достигнале 7,15 милијарди долари (5,22 милијарди евра). Во првото полугодие на 2013 година беше остварен приход од 6,11 милијарди долари (4,66 милијарди евра).

Рекордна година за пазарот на уметнички дела е 2013 со промет од 12,17 милијарди долари или 9,15 милијарди евра, по падот во 2012 година кој се должеше на намалувањето на продажбата на кинескиот пазар.

На пазарот на уметнички дела првото место го држат САД со 33,7 отсто  учество во продажбата на аукции на слики, скулптури, фотографии и цртежи, со 1,378 милијарди долари, односно со раст од 28 отсто.

Кина е на второто место со удел на пазарот од 27,7 проценти, односно со продажба од 1,97 милијарди долари, што претставуа раст од 6,9 отсто. По неа следува Велика Британија со 1,8 милијарди долари и раст од над 25 проценти, држејќи 25,2 отсто од пазарот.

Франција е далеку зад овие три земји, но е на четвртото место со продажба во вредност од 284 милиони долари, односно намалување од 0,22 проценти и само 3,98 отсто удел на пазарот на уметнички дела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП