3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова инвестиција од 5,5 милиони евра во економската зона Марино-Кадино

Нова инвестиција од 5,5 милиони евра во економската зона Марино-Кадино

ilinden-investicii

Нова инвестиција во областа на кондиторската индустрија, вредна 5,5 милиони евра почна да се реализира во Општина Илинден.

Како што соопшти Општината, во економската зона Марино-Кадино, на површина од 5.000 метри квадратни почна да се гради фабрика за кондиторски производи на компанијата „Гранд Експорт“. На почетокот фабриката ќе овозможи отворање на нови 30 работни места, со можност за натамошно зголемување на бројот на вработени.

Новата инвестиција на компанијата „Гранд-Експорт“, на чие поставување на камен темелник присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, треба да биде реализирана во рок од 1 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП