26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSprint се откажа од T-Mobile

Sprint се откажа од T-Mobile

spritn t-mobile

Корпорацијата „Sprint“ се откажа од намерата да го купи американски „T-Mobile“, дел од „Deutsche Telekom“, најверојатно поради противењата на регулаторните власти во САД.

Се уште е непознато дали ова е најава за забавување на соединувањата и аквизициите на веќе вжештениот пазар на медиуми и телефонија во последните неколку месеци.

Корпорацијата „Sprint“ реши да ја повлече својата понуда за стекнување на четвртиот поголемина мобилен оператор во САД, бидејќи американскиот регулатор не покажа никакви знаци на омекнување на своето противење и покрај повеќемесечните лобирања, дознаваат извори блиски на договорот.

Тоа е еден од ретките неуспеси на јапонски „SoftBank Corp.“, чиј основач е милијардерот Масајоши Сон, а „Sprint“ е една од неговите компании.

Извршниот директор на „SoftBank“ изрази изненадувње поради противењето и отпорот на американските регулатори за ова превземање, но смета дека тоа во иднина ќе се промени.

Неуспехот на „Sprint“ би можел дополнително да ги зајакне изгледите на францускиот оператор „Iliad“, кој минатата недела му понуди на „DT“ за превземање на 56,6 отсто удел во „T-Mobile“ за 33 долари по акција.

Тоа е значително помалку од понудените 40 долари по акција на „Sprint“, па затоа „Iliad“ моментално преговара со американските кабловски и сателитски компании некако да ја зголеми својата понуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП