3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHTC: Приходите намалени за 8 проценти

HTC: Приходите намалени за 8 проценти

HTC-First-FB_0_0_468X10000

HTC во кварталот кој заврши во јуни забележа мешовити финансиски резултати. Иако падот на приходите е лоша вест, добра е веста дека компанијата сеуште е во плус. Вкупните приходи кои тајванскиот производител ги оствари за време на кварталот изнесуваа нешто повеќе од две милијарди долари што е двојно подобро од резултатите од претходниот квартал.

Сепак, ако во предвид се земе истиот период претходната година, резултатите се послаби за 8 проценти. Заработката остварена во текот на кварталот изнесувала 77 милиони долари.

Според прелиминарните резултати за јули, „HTC“ забележал приходи вo висина од 353 милиони долари што е за 33 проценти послабо на годишно ниво, како и за 52 проценти послабо во однос на претходниот месец.

„HTC“ своите надежи во моментот ги препишува на моделите „Desire 816“ и „One M8“, а во подготовка е и „Windows Phone“ изданието на овие уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП