2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанската економија повторно во рецесија

Италијанската економија повторно во рецесија

I

Италијанската економија повторно се најде во рецесија, покажуваат најновите официјални податоци, бидејќи бруто домашниот производ е намален во два последователни квартали.

Економијата во вториот квартал од оваа година ослабела за 0,2 проценти, а во првиот за 0,1 проценти.

Овој резултат е полош од сите прогнози на аналитичарите, кои очекуваа економски раст од 0,2 проценти во второт квартал.

На годишно ниво, бруто домашниот производ е намален за 0,3 проценти во вториот квартал, се наведува во податоците на државниот Завод за статистика ИСТАТ.

Италијанската економија, четврта по големина во еврозоната, пораснала за само 0,1 проценти во четвртиот квартал од минатата година, што беше нејзиното прво напредување од средината на 2011 година.

ИСТАТ не ги објави деталите, но соопшти дека пад забележале секторите за индустрија, услуги и земјоделство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП