3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSwiss Re со помала од очекуваната добивка за вториот квартал

Swiss Re со помала од очекуваната добивка за вториот квартал

SwissRe222

Втората поголемина компанија за реосигурување во светот „Swiss Re Ltd.“ најави помала од очекуваната добивка за вториот квартал.

Нето добивката на компанијата се зголемила до 802 милиони долари, во споредба со 786 милиони долари од една година порано. Прелиминарните очекувања на аналитичарите, кои учествувале во истражувањето на „Bloomberg“, беа дека „Swiss Re“ ќе оствари 898 милиони долари позитивен резултат.

Според резултатите, нето добивката во делот за осигурување на живот и здравствено осигурување паѓа до 48 милиони долари, во споредба со 154 милиони долари од минатата година. Добивката од работењето на компанијата надвор од секторот на осигурување на живот се зголемила за 22% или до 553 милиони долари, откако прелиминарните приходи се зголемија за 12%.

Цената на акциите на „Swiss Re“ забележија пад од 6% или до 77.10 швајцарски франци од почетокот на годината. Од „Swiss Re“ најавија исто така, дека тримесечното враќање на инвестицијата се зголемило до 4.1% во споредба со 3,8% од пред тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП