8 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали мислите на работата и на годишниот одмор?

Дали мислите на работата и на годишниот одмор?

212364679553df838673bfe823855684_330x410

Речиси 52 проценти од мажите постојано ја проверуваат состојбата на работа и одговараат на електронската пошта кога се на годишниот одмор…

Половина од луѓето на годишниот одмор редовно го проверуваат меилот, утврди истражувањето на британската туристичка компанија спроведено на 1.000 лица. Мажите потешко се „исклучуваат“ во однос на жените и 52 проценти од нив постојано ја проверуваат ситуацијата на работа, додека 54 проценти од жените на годишен одмор никогаш не го проверуваат својот меил.

Таквото однесување предизвикува спор меѓу паровите, а една третина од нив постојано се расправа за тоа. Постојаното проверување на меилот најмногу им пречи на жените и речиси 70 проценти од нив не можат да го поднесат тоа, потврди истражувањето.

„Луѓето по заминувањето на одмор чувствуваат олеснување. Тоа чувство на слобода го почувствувале дури 46 проценти од испитаниците. Како што стресот на работа расте, така одморот изгледа се повеќе луксузен, односно совршена прилика целосно да се исклучите“, истакна директорот за маркетинг на оваа британска агенција, Елио Причард.

Младите лица потешко се одвојуваат од деловните обврски отколку старите лица. Речиси 38 проценти од нив одговараат на службените меилови, додека истото тоа го прават 29 проценти од оние повозрасните од 45 години.

Како постапувате вие кога сте на годишен одмор, целосно се исклучувате или сепак работите и од таму?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП