3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена стапката на невработеност во Португалија

Намалена стапката на невработеност во Португалија

portugalkcneuw8hfg849yhtg84yt

Стапката на невработеност во Португалија во вториот квартал е намалена на 13,9 проценти од 15,1 проценти кои беа забележани во претходниот квартал.

На почетокот на минатата година, стапката на невработеност во Португалија изнесувала 17,5 проценти, но оттогаш е значително намалена, благодарение на големите реформи кои ги спроведе владата во Лисабон и излезот на оваа земја од меѓународниот пакет помош, пренесува агенцијата Франс прес.

Уште еден важен индикатор е тоа што бројот на вработени во Португалија е зголемен и тоа за два проценти на квартално ниво.

Официјален Лисабон во мај излезе од програмата за помош добиена од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, освојувајќи ја повторно довербата на инвеститорите на пазарот на обврзници и добивајќи така можност повторно самостојно да се финансира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП