29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАГордоста и ароганцијата ја загрозуваат кариерата

Гордоста и ароганцијата ја загрозуваат кариерата

pride1

Може да признаете дека, постојат моменти кога ќе се рече: “Што не е јасно тука? Се е кристално јасно. Или, “па знаев дека тоа ќе се случи, нели ти реков”.

Можеби сте паметни, но ако имате потреба тоа секојдневно да го нагласувате, вашата кариера би можела да тргне надолу.

Нема ништо лошо во тоа да сте паметни, образовани, и некои нешта да ги совладувате побрзо од другите. Но, кога ќе почнете навистина да верувате дека сте попаметни од другите, вашата ароганција може да достигне невиден размер и целосно да ве заслепи. Во најлош случај, тоа започнува сериозно да се одразува врз вашето однесување и комуникација со другите, но, исто така и на вашата кариера, без оглед на тоа, на кое ниво сте рангирани.

 

Последиците од мислењето

Откако ќе станете цврсто убедени дека само вие сте во право, ќе го скратите правото на другите да го изразат своето мислење и предлози. Наметнувањето на едно мислење по секоја цена, создава одбивност кон луѓето. Дури и ако сте навистина во право, некултурно е да ги прекинете колегите по кратка постапка, што покажува самоволие и непочитување кон другите. Со други зборови, тоа е некултурно и контрапродуктивно.

Колегите или вработените ќе престанат да ви доставуваат предлози (што е корисно да се слушнат), бидејќи ќе знаат дека и онака нема да ги слушнете. А да не зборуваме за тоа како со нетрпение го очекуваат секој ваш потенцијален неуспех на кој тие се обиделе да ве предупредат, а вие не сте сакале да ги сослушате.

 

Експерт за лизгав терен

Ароганцијата може да е штетна дури и ако сте навистина умешен во своето работно место. Ако со години добро ја вршите својата работа, разбирливо е да се чувствувате компетентни. За жал, кога помалку искусен колега или вработен има “свежа” идеа, постои опасност дека ќе ја оцените како “наивна” или “безвредна”. Без разлика дали сте експерт, ќе мора да бидете во чекор со времето.

Исто така, стручноста треба постојано да се усовршува. Опасно е да се мисли дека веќе не треба да се чита литература, да посетувате семинари, да учествувате во дискусии и да слушнете нови идеи. Љубопитноста и желбата да се учи се важен дел од животното учење и надградувањето на вештините.

Ароганцијата може да ве натера да ги обвинувате другите за настанатите проблеми, наместо сами да преземете одредени чекори. Конфликтите го попречуваат напредокот. Стручноста нема да и помогне на вашата репутација доколку сте личност со кого тешко се соработува.

 

“Префрлање на топката” се враќа како бумеранг

Покрај тоа што е штетно за кариерата, ароганција е штетна и за здравјето. Ако еднаш колегите сте ги отргнале од себе и сте им ја ускратиле можноста да ги презентираат своите предлози, поголемиот дел од проблемите ќе мора да ги решавате сами, што ќе ви одземе многу енергија.

Во исто време, вашите талентирани соработници и вработени ќе влезат во циклус на “професионална стагнација” и ќе почнат да бараат други работодавци, кои ќе им дадат можност за личен и професионален развој.

Размислете за своето однесување на работното место и обидете се искрено да го анализирате. Дали сте забележале некакви знаци на ароганција?  Време е да се справите со тоа – вашата кариера зависи од неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП