Омилените летни обувки кои можете да ги комбинирате со речиси цела облека, и чија цена е многу пристапна, ги оптоваруваат мускулите, колената, колковите и рбетниот столб, тврди професорот по кинезиологија од Универзитетот Лујзијана-Лафајет Џастин Шројер.
Дури ниту во најудобните и најквалитетни апостолки не треба да го поминете цело лето бидејќи тоа е опасно по здравјето.
Кога одиме во апостолки, посилно ги стегаме и ги грчиме ножните прсти за да не ни се лизнат и на тој начин го менуваме чекорењето и држењето на целото тело.
Оптоварување за стапалото е подеднакво како и кога одиме на седум сантиметри високи потпетици.
Сепак, не се сите апостолки толку лоши. Поквалитетни се оние кои не се целосни рамни, бидејќи ногата во нив поцврсто стои, а подобро е и кога ременчето се шири.
Најлоши се оние апостолки во кои стапалата шетаат лево-десно.
Овие обувки не би требало да ги носите кога пред себе имате напорен ден кој вклучува доста стоење, одење или планинарење.
Исто така треба да ги избегнуваат лица кои имаат проблеми со коските и мускулите.
Кусорочни последици на одењето во апостолки се болки во петите, во потколениците, повреди во зглобовите и на ножните прсти, а долгорочно може да дојде до фрактури и хронични воспаленија на тетивите, глуждовите, колениците и грбот.