30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтора средба за проектот „Заштита на трговската марка на производите од прекугранична...

Втора средба за проектот „Заштита на трговската марка на производите од прекугранична соработка“

delovensostanok1

Стопанската комора на Северозападна Македонија оствари втора иницијативна средба за проектот „Заштита на трговската марка на производите од прекугранична соработка“.

Со проектот ќе бидат опфатени полошкиот и југозападниот регион на Македонија, Тетово,Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и Охрид, како и градовите Корча и Дибра од страната на Албанија.

„Целта е да се подигне свеста на компаниите за индустриска заштита во нивната долгорочна дејност и заштитата на производот преку сертифицирање на трговската марка како можност да и се спротивстават на безмилосната глобална конкуренција“, изјави извршниот директор на Стопанска комора на Северозападна Македонија Арбен Халили, отворајќи ја средбата.

Државниот советник во Државниот завод за индустриска сопственост Али Асани пред претставниците на компаниите ги објасни постапките за заштита на трговската марка и патентирањето, додека за целите, активностите, целните групи и резултатите од проектот зборуваше координаторот Мируше Џељадини.

Проектот почна да се имплементира на 2 јуни годинава, а ќе трае 18 месеци, до 2 декември2015-та. Реализацијата е во соработка со Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија и со Генералната управа за патентирање трговски марки наРепублика Албанија во рамки на третиот повик за прекугранична соработка од Програмата ИПА 2007-2013 на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП