7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДетските одморалишта на продажба - можност за интензивирање на туризмот

Детските одморалишта на продажба – можност за интензивирање на туризмот

aleksadar_vlada-500

Шесте детски одморалишта во Свети Николе, Берово, Битола, Стар Дојран и Скопје што досега беа во државна сопственост ќе бидат понудени на продажба.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, целта на ваквата одлука е интензивирање на туризмот преку збогатување на понудата, но и давање можност повеќе за приватниот бизнис.

Идните сопственици на одморалиштата ќе бидат обврзани, по ревитализирањето и обновувањето на објектите, да работат исклучиво во оваа сфера.

„Во втората половина на овој месец ќе се одржи јавна електронска аукција за отуѓување на имотот, а почетната цена на одморалиштата ќе се движи од 50 илјади до 400 илјади евра. Компаниите во текот на наредните две до три недели можат да размислат и да одлучат околу евентуалните инвестиции“, истакна Ѓорѓиев на прес-конференција.

Според проценките, локациите на одморалиштата кои подолго време се нефункционални нудат одлични услови за водење бизнис. Особено се погодни, како што посочи портпаролот, за развивање планински, алтернативен, езерски или рурален туризам.

Ѓорѓиев подвлече дека развојот на туризмот е една од стратегиските определби на Владата, а досегашните проекти, мерки и активности веќе ги дадоа очекуваните, позитивни резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП