29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПротивудар: Русија го затвора небото?

Противудар: Русија го затвора небото?

rusija1rus1

Русија би можела да воведе ограничувања или забрана за европските авиокомпании на користењето на транс-сибирската рута, кaко одговор на санкциите на ЕУ кон Москва поради Украина.

Тоа ќе ги зголеми трошоците за летови на авиопревозниците од Европа кон Азија, вели бизнис весникот „Ведомости“.

Руската никобуџетна авиокомпаниjа „Добролет“, под државна контрола на „Аерофлот“, мината недела мораше да ги откаже сите летови, бидејќи нејзиниот лизинг договор за набавка на авиони „ербас 737-800“ беше стопиран со оглед на тоа што Европската Унија ги прошири санкциите и на тој авиопревозник поради летовите до Крим, јавува руската новинска агенција Итар тас.

Според „Ведомости“, руската министерка за надворешни работи и сообраќај го разгледува потенцијалното воведување на ограничувања или комплетна забрана на транзитните летови преку руската територија.

Со таа забрана нема да бидат погодени само европските авиопревозници, како „Луфтханза“, „Бритиш Ервејс“ и „Ер Франс“, туку и „Аерофлот“ кој од авиокомпаниите наплатува такса за летовите преку руската територија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП