2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција очекува рекордни 20 милиони туристи

Грција очекува рекордни 20 милиони туристи

grcka_kuca_mikonos

Грција ова лето очекува рекордни 20 милиони туристи, што е раст од десет проценти во споредба со минатата, исто така рекордна година.

Изгледа дека туризмот ова лето ќе биде „ремен за спасување“ на грчката економија. Морето, сонцето и знаменитостите секогаш ги мамеле туристите да ја посетат Грција. Ниту загриженоста од социјалните немири и можниот излез од еврозоната не ги одвратија туристите од летувањето во таа земја.

А сега, со оглед на тоа дека оваа држава покажува знаци на економско закрепнување, бројот на посетители нагло расте. Туризмот во Грција носи најмногу пари. На него отпаѓа речиси една петина од грчкиот БДП.

За време на кризата сопствениците на хотели и ресторани ги намалуваа цените за да привлечат гости и за да бидат конкурентни со другите туристички дестинации. Се чини дека тоа донесе резултати.

Грција оваа година очекува рекордни 20 милиони туристи, еден милион повеќе во однос годините пред рецесијата. Тие се надеваат на приходи од 13 милијарди евра.

По шест последователни години во рецесија, грчката економија за време на 2014 година, според прогнозите, ќе оствари раст од 0,6 проценти. Земјата се извлече благодарение на кредитот вреден 240 милијарди евра од ММФ и ЕУ, во замена за спроведување строги реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП