2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајплатената актерка во Холивуд

Најплатената актерка во Холивуд

SandraBullock

Оскаровката Сандра Булок е надобро платената холивудска актерка во последната година, со просечна заработка од 51 милион долари во изминатите 12 месеци, објави Форбс.

Минатата година 50-годишната Булок глумеше во големиот хит Гравитација, кој заработи повеќе од 716 милиони долари во целиот свет. На прво место таа скокна од седмата позиција на која се наоѓаше претходната година.

На второто место е 23-годишната Јенифер Лоренс, втора година по ред, со заработка од 34 милиони, а Џенифер Анистон е на третото место со заработени 31 милион долари од јуни 2013 година до јуни 2014 година.

Во првите пет се најдоа и Гвинет Палтроу со заработка од 19 милиони долари и Анџелина Џоли со 18 милиони долари.

Форбс оваа листа ја состави врз основа на проценките од заработката од филмови, реклами и договори.

10-те најдобро платени актери во изминатата година акумулирале вкупно 419 милиони долари, додека кај 10-те најдобро платени актерки таа бројка е речиси двојно помала и изнесува 226 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП