28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLinkedIn на вработените треба да им плати скоро 6 милиони долари

LinkedIn на вработените треба да им плати скоро 6 милиони долари

linkedin tuzba

Бизнис друштвената мрежа „LinkedIn“ се согласи да исплати отштета и заостанати плати од скоро шест милиони долари за 359 сегашни и поранешни работници.

Имено, американските власти утврдиле дека оваа компанија на вработените не им ја исплатила прекувремената работа.

Во рамките на договорот со американското министарство за работа, „Linkedin“ прифати да плати повеќе од 3.3 милиони долари за прекувремената работа и 2.5 милиони долари отштета која директно ќе им биде уплатена на работниците во Калифорнија, Илиноис, Небраска и Њујорк.

„Оваа компанија покажа голем интегритет низ целосната соработка со власите“, изјави администраторот на американското министерство за работа, Дејвид Вил.

Иследниците на ова министерство утврдиле дека „Linkedin“ ги прекршил одредбите од Законот за прекувремена работа, при што ја изоставиле и исплатата за сите работни саати во неделата.

Според тој закон, вработените мораат да ја добијат најмалата федерална минимална заработка од 7.25 долари по час, плус дополнителна надокнада за секој работен час кој ги надминува вообичаените 40 часа во работна недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП