3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus примил 705 нарачки за седум месеци

Airbus примил 705 нарачки за седум месеци

airbusmus

Францускиот производител на авиони „Airbus“ од почетокот на оваа година до крајот на месец јули регистрирал вкупно 705 нето нарачки на авиони, со што ја надмина годишната цел за 2014 година, во која за цела година предвиде 623 нарачки, соопштија од оваа компанија.

„Airbus“ за седум месеци во оваа година, сепак, заостанува зад својот главен конкурент , американскиот „Boeing“, кој во истиот период забележал 783 нето нарачки, пренесува францускиот весник Капитал.

Кога станува збор за испораките, француската компанија во соопштението додава дека во периодот јануари-јули од тековната година испорачала вкупно 352 авиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП