29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСовет од еден милијардер: Што е успех?

Совет од еден милијардер: Што е успех?

DeJoria

Големата разлика помеѓу успешните и неуспешните луѓе е во тоа што успешните го работат сето тоа што неуспешните не го сакаат, објаснува милијардерот и претприемач Џон Пол Де Џори.

Своето богатство го стекнал како еден од основачите на компанијата која се занимава со производство на препарати за коса „Paul Mitchell“, но тој од својата 16-та година работел повеќе ситни работи во една продавница за хемиско чистење.

Прикачувал алишта, чистел подови… и тоа за само 1,25 долари на час.

„Еден ден дојде шефот, кој беше премногу строг и ми рече дека сака да разговара со мене. На почеток тоа не ми звучеше добро. Тој ми кажа дека претходниот ден работел до доцна навечер и дека во еден момент забележал дека воопшто нема прашина под тепихот, ниту зад мебелот“, вели Де Џори.

„Никогаш не замислував дека некој може да работи толку добро кога никој не го гледа, рече тој. Ќе добиеш покачување од 25 центи“, се потсетува милијардерот.

Според тоа што го научил како шестнаесет годишно момче, Де Џори смета дека успехот не е во тоа колку пари имате, на која позиција сте….„Успехот е во тоа колку добро ја обавувате својата работа кога никој не ве гледа“, заклучува тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП