„American International Group Inc.“ објави раст од 12.55 во тримесечната добивка, која беше повисока од претходно очекуваната.
Осигурителната компанија исто така соопшти дека ќе го зголеми износот на програмата за откуп на акции за 2 милијарди долари, информира „Reuters“.
Компанијата најави дека ќе исплати дивиденда во износ од 12,5 центи по акција. Нето добивкатасе зголемила до 3.07 милијарди долари или 2,10 долари по акција во вториот квартал на годината, во споредба со 2.73 милијарди долари или 1.84 долари по акција, од пред една година.
Нето добивката на американската осигурителна компанија за овој квартал вклучува и добивка по оданочување во износ од 1,4 милијарди долари од продажба на единицата „ILFC“.
На оперативна база, компанијата прави профит од 1.83 милијарди долари, или 1,25 долари по акција. Во 2013-та осигурителот предвид оперативна добивка од 1,12 долари по акција.
Прелиминарните очекувања на аналитичарите, кои учествувале во студијата на „Thomson Reuters“, беа за позитивен резултат во износ од 1,05 долари по акција. Во јуни од „AIG“ најавија дека Питер Хенкок, кој го предводи делот на компанијата за осигурување на Капитал и Несреќа, од 1-висептември ќе го наследи извршниот директор Роберт Бенмоше.