27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на бројот на вработени во Хрватска

Пад на бројот на вработени во Хрватска

zagreb

Бројот на вработени во Хрватска за една година е намален за 26,457 лица, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика на Хрватска.

Последните податоци на Државниот завод за статистика за вработеноста во периодот од јуни минатата година до јуни оваа година укажуваат дека брјот на вработени на годишно ниво продолжува да се намалува, додека на месечно ниво се зголемува.

Значителен пад е забележан во земјоделството, шумарството и рибарството од 19,9 проценти, а силниот негативен тренд го ублажи и зголеменото вработување во областа на образованието и туризмот, пренесуваат хрватските медиуми.

Бројот на вработени во јуни изнесуваше 1.361.5 лица и во однос на мај е зголемен за 18,688 лица, што претставува позитивен раст на месечно ниво.

По завршувањето на главната туристичка сезона, на есен се очекува да биде прекинат тој месечен позитивен раст на бројот на вработени, бидејќи сезонските работници повторно ќе останат без работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП