4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција треба да биде пример за Аргентина

Грција треба да биде пример за Аргентина

Greecenjhu78hy67

Долготрајните напори на Грција своите финансии да ги доведе во ред би можеле да послужат како модел за Аргентина која неодамна банкротираше втор пат во последните 13 години, изјави вчера новоизбраниот претседател на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Посетата на Атина е првата официјална посета на Јункер откако тој ја презема оваа функција.

По разговорот со грчкиот премиер Андонис Самарас, Јункер ги пофали напорите на Грција за балансирање на јавните финансии, посочувајќи дека Аргентина треба да го стори истото.

Грција наскоро би требало да се извлече од шестгодишната рецесија. Пред четири години, откако се најде на работ на банкрот, Атина доби меѓународна финансиска помош, во чија замена се согласи со строги мерки за штедење, вклучувајќи намалувања на јавната потрошувачка, раст на даноците и економски реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП