20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната сеуште во должничка криза

Еврозоната сеуште во должничка криза

J

Еврозоната сеуште не ја победи целосно должничката криза, изјави новоизбраниот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

„Верувам дека поминавме долг пат и дека сме блиску до крајот, но сеуште не сме целосно излезени од кризата“, изјави Јункер за време на посетата на Атина, неговата прва официјална посета на една членка од еврозоната откако ја презема новата функција.

Јункер, исто така, наведе дека тој лично се „борел како лав“ со цел Грција да остане во групата на земји кои го користат еврото, истовремено фалејќи ги напорите на Атина за подобрување на состојбата во јавните финансии, пренесува агенцијата Франс прес.

Грција вети дека оваа година ќе излезе од катастрофалната рецесија, откако пред четири години, благодарение на меѓународниот пакет помош, беше спасена од банкрот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП