2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПортугалија ја спасува BES банката со 4.9 милијарди евра

Португалија ја спасува BES банката со 4.9 милијарди евра

banco espirito santo

Португалија ќе потроши 4.9 милијарди евра со цел да ја спаси „Banco Espirito Santo“, најголемата банка во земјата, со што ќе се тестира отпорноста на еврозоната на уште една банкарска криза, само неколку месеци откако Лисабон излезе од програмата за меѓународна помош.

Спасувањето на „Banco Espirito Santo“, кое е најавено во неделата по разговорите меѓу претставниците на Португалија и Европската унија, доаѓа по низата лоши вести за финансиската состојба на оваа банка, особено за нејзината изложеност во компаниите на чие чело е семејството Еспирито Санто.

Според планот, „BES“ ќе биде поделена на „добра банка“, која ќе се нарекува „Novo Banco“ и „лоша банка“ која ќе ја опфати изложеноста на „BES“ во проблематичното бизнис царство на Еспирито Санто.

Загуби на „лошата банка“ ќе сносат сопствениците на обврзници и акции, вклучувајќи го и семејството Еспирито Санто кое има 20 проценти удел, т.е. француската банка „Credit Agricole“ која поседува 14.6 отсто.

„Novo Banco“ ќе биде докапитализирана до износ од 4.9 милијарди евра од посебен фонд за спасување на банките создаден во 2012-та година. Португалија ќе му позајми на фондот 4.4 милијарди евра, па така сите штедачи во „BES“ ќе бидат заштитени, како и сите сопственици на обврзници на банката со првенство на наплата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП