5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонски шуми: Граѓаните да купувааат огревно дрво од легална сеча

Македонски шуми: Граѓаните да купувааат огревно дрво од легална сеча

drvosechenje

Граѓаните да купуваат огревно дрво од легална сеча, жигосано и со испратница, порачуваат од ЈП „Македонски шуми“. Претпријатието денеска уште еднаш потсети дека од 1 август до 30 септември годинава се намалени цените на буковото огревно дрво за десет отсто за сите физичи лица и за 15 проценти за корисниците на социјална помош.

Македонски шуми, како што изјави помошникот генерален директор Тони Јованов, располага со доволно огревни дрва и е подготвено на граѓаните навреме да им ги испорача купените количини.

„Апелираме при купувањето огревно дрво да се проверува дали е тоа жигосано и има испратница. Во спротивно, ако се работи за нелегална, дива сеча, граѓаните само ќе ги фрлат парите во вода, истакна Јованов.

Македонски шуми во соработка со шумската полиција и МВР е постојано на терен и ги проверува пратките, врши контроли при транспортот на огревно дрво.

„Годинава дрвокрадството е со намален интензитет. Сепак, останува повикот до граѓаните ако евентуално забележат, да пријават нелегална сеча која го уништува шумскиот фонд и предизвикува ерозија“, рече директорот.

Претпријатието има околу 200 илјади метри кубни огревно дрво на залиха. Според Јованов, дабовото дрво останува со непроменета цена од 2.450 денари за метар кубен . Тој уште еднаш подвлече дека сите што склучиле договор со Македонски шуми и оние кои сакаат да купат буково огревно дрво по намалена цена, ќе бидат навреме снабдени.

Во Македонија преку 30 отсто од населението се грее на дрва и притоа 70 проценти од дрвото е буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП