27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХОТАМ: Нискобуџетни компании да летат и од Охридскиот аеродром

ХОТАМ: Нискобуџетни компании да летат и од Охридскиот аеродром

120277513ohridaerodrom468

Здружението на хотелиери од Македонија – ХОТАМ бара од надлежните институции нискобуџетните авиокомпании што работат во Македонија да летаат барем два пати неделно од Охридскиот аеродром до било која европска дестинација.

„Нашето барање до советите на општините Струга и Охрид и до надлежните институции изминативе години е со нискобуџетните авиокомпании, кои работат во Македонија да се продолжат преговорите минимум два лета неделно до која било европска дестинација да бидат под Охрид. Со тоа ќе добиеме сите многу, аеродромот ќе добие работа, но и хотелското и приватното сместување и индивидуалците ќе имаат поголема можност сами да си склопуваат аранжмани“, смета претседателот на ХОТАМ Дончо Танески.

Според него, потребно е две од 14-те дестинации кои се опслужуваат со нискобуџетни комапнии од Скопје да ги продолжат летовите до Охрид.

„Од тие 14 дестинации едната е до Берлин, на пример берлинскиот лет да се продолжи до Охрид, Берлин – Скопје – Охрид и обратно. Доколку така го испитаме пазарот, бидејќи кон охридскиот аеродром гравитира и еден дел од Република Албанија т.е. градовите Корча, Поградец, Елбасан можеме после одреден период да кажеме дека линијата до Охрид е економски исплатлива“, изјави Таневски.

Хотелиерите од струшката ривиера забележаа дека Струга не е доволно промовирана како туристичка дестинација.

„Струга е секогаш во позадина на Охрид значи не е доволно промовирана“, рече заменик претседателот на ХОТАМ и сопственик на хотел во Струга, Крсте Блажески.

Претседателот на ХОТАМ Танески истакна дека добиле коментари од членовите на Управниот одбор дека оваа година промоцијата за Дојран, Отешево, Крушево и за Охрид е многу поголема отколку за Струга и за Маврово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП