21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОва се причините поради кои вработените во Facebook го сакаат Цукерберг

Ова се причините поради кои вработените во Facebook го сакаат Цукерберг

Kara Mjones, Ilham Mezyan

Амир Мемон, инженер за „iOS“ софтвер во „Facebook“ даде прилично опширен одговор на прашањето: „Зошто Марк Цукерберг има рејтинг од 99 проценти на доверба кај своите вработени?“.

Постојат неколку причини поради кои вработените во „Facebook“ имаат доверба во Марк Цукерберг:

Приказна: Изградил сопствена компанија со милиони корисници која вреди милијарди долари, совладувајќи ги бројните препреки на тој пат, притоа ангажирајќи ги најталентираните луѓе на светот.

Принципи: Тој целосно е фокусиран на правењето „свет кој е отворен и поврзан“ и од тоа не се откажува. Сите инвестиции во развој и вработените се фокусирани на таа цел.

Срце: Тој бил еден од најголемите донатори во 2013-та година, и генерално е минималиста. Јасно е посветен на „Internet.org“, иако тука не се бележи најголемото краткорочно враќање на инвестициите. Навистина чувстуваме дека сака да го смени светот на подобро.

Чувство: Кој друг извршен директор инаку би купил компанија за „разговори“ за 19 милијарди долари?

Мудрост: Кога ќе го слушнете како говори, едноставно да ви се наежи мозокот. Тој има неверојатна способност да ги прави сите вистински стратешки потези и кога објаснува за причините за тие потези, се едноставно има целосна смисла. Нормално, направени се и некои грешки, но кога се донесени одлуки, тие се донесени од вистински причини.

Доверба: Марк не ги донесува сите одлуки, всушност, далеку од тоа. Чувствуваме дека ни е доверено својата работа да ја завршиме на оној начин кој е најдобар за „Facebook“. Ова е значително поразлично од многу други компании.

Карактер: Тој носи маици и фармерки, говори за одредено смирување и генерално е многу отворена личност. Тоа ние го сакаме.

Работа: „Facebook“ е стабилна работа чија заработка постојано расте.

Бесплатна храна и други погодности: Да и поради тоа го сакаме, и него и компанијата. Иако тоа може да престане во секој момент, тој тоа не го прави. Ако некој ми даде колачи, ќе го сакам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП