3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама: Русија не произведува ништо

Обама: Русија не произведува ништо

obamabarakobamaifcjretgj43

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Русија е нација која не „произведува ништо“ и дека во оваа земја не постојат емигранти во потрага по нови можности.

Обама наведе и дека Западот треба да биде „многу цврст“ кон Кина додека Пакинг се обидува да добие поголема улога во светската економија.

Обама изјави дека улогата на рускиот претседател Владимир Путин во светот не е толку голема и дека тој како лидер прави краткорочни проблеми поради политичка добивка, што на долгорочен план ќе и нанесе штета на Русија.

„Сметам дека е важно да се биде објективен. Русија ништо не произведува. Емигрантите не ја „напаѓаат“ Москва во потрага по нови можности. Просечниот животен век на мажите во Русија е околу 60 години. Бројот на жители се намалува“, изјави Обама.

Говорејќи за „регионалните предизвици“ на Русија, американскиот претседател изјави: „Мораме да се погрижиме ситуацијата да не ексалира до тоа нуклеарното оружје одеднаш да се врати во надворешно-политичките дискусии“.

Обама ги опиша тензиите меѓу САД и Кина како решливи.

„Она што ќе го кажам за Кина е дека мора да бидете премногу цврсти кон нив, бидејќи тие туркаат со сета сила се додека не се соочат со отпор. Тие не се сентиментални, не ги интересираат апстракции. Затоа едноставното апелирање да се почитуваат меѓународните правила не се доволни“, објасни Обама.

Тој изјави дека верува дека тензиите во трговските односи ќе попуштат во моментот кога Кина нема повеќе да биде само „евтина производна работна сила во светот“ и кога нејзините компании ќе започнат да произведуваат вредни нешта кои ќе имаат потреба од заштита на интелектуалната сопственост.

„Мора да постојат механизми да бидеме цврсти кон нив кога мислиме дека ги кршат меѓународните правила, но и да им ги покажеме потенцијалните долгорочни предности“, заклучи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП