23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRBS: Евентуалната независност на Шкотска ќе не загрози

RBS: Евентуалната независност на Шкотска ќе не загрози

213308421753df2c64a2b44654101997_640x450

Британската банка „Royal Bank of Scotland – RBS“ го зголеми нето профитот во првата половина од гoдината на 1,42 милијарди фунти од 535 милиони фунти во истиот период претходната година.

Банката, сепак, предупреди дека евентуалната независност на Шкотска би можела да го загрози работењето.

Профитот пред оданочувањето истовремено е двојно зголемен на 2,65 милијарди фунти, пренесува агенцијата АП.

Резултатите ги надминаа очекувањата на аналитичарите, но акциите на банката утринава се намалија за 2,3 проценти.

„RBS“ за време на финансиската криза во 2008 година дoби помош од британската влада и моментално 81 процент од акциите на банката се во сопственост на даночните обврзници. Банката наведува дека евентуалната независност на Шкотска би можела да влијае негативно на нејзиното работење, финансиската ситуација, резултатите и прогнозите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП