4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа што да се надеваат младите во Италија?

На што да се надеваат младите во Италија?

youngpeopleitaly

Невработеноста меѓу младите во Италија беше рекордно висока во јуни, подгревајќи ја загриженоста дека реформите кои ги започна премиерот Матео Ренци не се доволни.

Стапката на невработеност меѓу младите од 15 до 24 години е зголемена во мај на рекордни 43,7 проценти, од 43,1 проценти од претходниот месец, покажуваат официјалните податоци на Заводот за статистика во Рим, пренесува агенцијата Франс прес.

Вкупната невработеност, од друга страна, е намалена на 12,3 од 12,6 проценти, колку што изнесуваше во април и мај и тој резултат ги изненади аналитичарите кои очекуваа раст на стапката на неработеност.

„Пазарот на трудот се стабилизира, иако значителен пад на невработеноста не се очекува пред 2015 година“.

Ренци вети дека економските реформи ќе им помогнат на младите лица во Италија, која се обидува да се извлече од најдлабоката рецесија по Втората светска војна.

Банката на Италија и Меѓународниот монетарен фонд овој месец ја намалија прогнозата за економскиот раст на Италија за 2014 година на 0,2 односно 0,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП