3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBerkshire Hathaway со добивка од 6,4 милијарди долари за квартал

Berkshire Hathaway со добивка од 6,4 милијарди долари за квартал

voren bafetded

Компанијата на милијардерот Ворен Бафет,„Berkshire Hathaway“ објави дека нејзиниот профит за вториот квартал од годината се зголемил за 41% или до 6.4 милијарди долари, пишува „The Wall Street Journal“.

Ова претставува 3.889 долари заработка по акција од класа А, наспроти 4.54 милијарди долари или 2 763 долари по акција за една година порано.

Приходите на компанијата во вториот квартал изнесува раст од 11% или до 44.69 милијарди долари. На крајот на периодот „Berkshire Hathaway“ поседува слободни средства во износ од 55.45 милијарди долари.

По објавувањето на резултатите акциите од класа„А“ поскапеа за 1.155 долари или до 189.279 долари за готово, па така се наоѓаат блиску до рекордната вредност од 194.670 долари. Акциите од класа „Б“ ја завршија петочната трговија на цена од 125.83 долари за кеш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП