8 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во САД порасна на 6,2 проценти

Невработеноста во САД порасна на 6,2 проценти

amerika2

Во американската економија во јули се отворени 209,000 нови работни места, што е помалку во однос на јуни.

Сепак, овој резултат и понатака е над просечните месечни нови работни места од 200.000, резултат кој постои од месец февруари, соопшти американското Министерство за труд.

Стапката на невработеност во САД во јули порасна за скромни 0,1 поени, на 6,2 проценти од јунските 6,1 проценти, бидејќи поголем број на Американци започнале да бараат работа.

Таквата стапка на невработеност и понатака, според оценките на министерството, значително е ниска во однос на 7,9 проценти од почетокот на 2013 година, пренесува агенцијата АП.

Најголем број на нови работни места е отворен во секторот за градежништво, преработувачката индустрија, услужниот и малопродажниот сектор, додека во државната управа се отворени дури 11.000 нови работни места.

Сепак, бројот на невработени лица пораснал за речиси 200.000 на 9,67 милиони, делумно поради константниот раст на бројот на работоспособни Американци, но и враќањето на пазарот на трудот на повеќе од десетина илјади лица кои претходно се откажале од барањето работа или едноставно не биле регистрирани како невработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП