5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали и вие земате боледување по одморот?

Дали и вие земате боледување по одморот?

odmor74857687

Половина од оние кои по одморот мора да се појават на работа се деконцентрирани и расеани, а тоа им пречи на останатите колеги. Речиси една третина од вработените се жалат од опуштеното расположение на нивните колеги.

Враќањето на работа по годишниот одмор е тешко за луѓето и поради тоа тие најчесто се одлучуваат да излажат со цел да се извлечат од работа.

Истражувањето кое го спроведе една британска компанија открива дека една четвртина од вработените кои биле на годишен одмор земаат неколку денови боледување по одморот со цел да не се појават на работа.

Оние кои мораат да се појават на работа и понатака се обземени со „морското“ расположение и сонуваат за следното патување, а половина од нив не можат да се концентрираат на работата и се премногу расеани.

Токму ваквото расположение им пречи на останатите колеги, а дури една третина од нив бурно реагира на ваквото однесување.

Резултатите покажаа дека ваквото однесување им се случува на 40 проценти од мажите и 36 проценти од жените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП