Меѓународниот монетарен фонд во најновиот реферат за секундарните ефекти на светската економија до кои ќе доведат санкциите против Русија, ги издвои Црна Гора, Бугарија и Кипар.
Овие три земји се издвоени како мека за руските туристи, што е многу значаен фактор во економиите на Црна Гора, Бугарија и Кипар.
Со порастот на курсот на рубљата и нестабилната економска ситуација, жителите на Русија веќе патуваат многу помалку во странство, што веќе го забележаа земјите од ЕУ, а посебно Чешка.
Капиталните вложувања од Русија надминуваат пет отсто од БДП во Белорусија, Бугарија, Молдавија и Црна Гора. Од Русија, исто така, зависат и финансиските центри на Кипар и Луксембург.
Доколку се појават проблеми со изградбата на „Јужен тек“ без инвестиции можат да останат земјите низ кои гасоводот треба да минува, а тоа се Бугарија, Унгарија и Србија.