26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНеверојатни хотели со 7 ѕвезди

Неверојатни хотели со 7 ѕвезди

hotel sedum naslovna

Ако сте љубители на луксузот, сигурно често престојувате во хотел со 5 ѕвездички. За најбогатите, сепак, пет ѕвезди не се доволни. Неколку хотели во светот се дел од елитната група кои поседуваат 7 ѕвезди. Погледнете кои се тие:

5. „Emirates Palace“, Абу Даби.

hotel sedum 5

Изградбата на хотелот чинеше 3.9 милијарди долари. Се наоѓа на своја плажа во Абу Даби и е опкружен со километарски градини. Во ентериерот на собите има изобилство од злато и мермер. Најлуксузните апартмани се задржани само за кралски семејства. Тука може да јадете кавијар „Albino“ и да пиете коњак за 15.000 долари. Има два базени, како и излез на океанот, спа центар, терени за рагби и фудбал. Цените на ноќевање се од 12.000 долари на вечер.

4. „ISquare Hotel & Mall“, Орландо.

hotel sedum 4

Во 2017-та година Орландо, Флорида, ќе има хотел со 7 ѕвезди. Тој ќе располага со 1.256 соби. Цената на изградбата е 400 милиони долари. Ќе има две кули и панорамско игралиште и дури и лизгалиште.

3. „Pangu Plaza“ (поранешен име – „Morgan Plaza“), Пекинг.

hotel sedum 33

Тоа е најлуксузниот хотел во Пекинг. Тука престојува Бил Гејтс. Овде ќе најдете некои од најдобрите јапонски ресторани во светот. Собите се луксузно опремени, во внатрешноста се исткаени многу традиционални кинески мотиви. Апартмани тука се даваат под наем за една година, а цената по непотврдени податоци е околу 800.000 долари годишно. Бил Гејтс најмил тука апартман за време на Олимпијадата во 2008-ма година.

2. „The Pentominium“, Дубаи.

hotel sedum 2

Неодамна изградбата застана, поради финансиски проблеми, но тоа се претпоставува дека е привремено. Кога ќе биде подготвен ова ќе биде една од највисоките згради во светот (516 метри). Тука ќе се даваат апартмани за изнајмување, а станарите ќе живеат како во хотел – ќе имаат батлер, рент а кар и друго.

1. „Burj Al Arab Hotel“, Дубаи.

hotel sedum 1

Хотелот се наоѓа на вештачки остров, до кој се доаѓа по приватен мост. Неговата форма наликува на платно на брод. Тука има 202 соби, а кралскиот апартман е со цена од 18.716 долари на вечер. Гостите имаат на располагање приватен батлер, место за слетување на хеликоптери и безброј други работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП