4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft го тужи Samsung

Microsoft го тужи Samsung

Mobile_Beta333

„Microsoft“ поднесе тужба против „Samsung“, поради тоа што јужнокорејскиот електронски гигант најверојтно го прекршил патентниот договор кој двете компании го потпишале во 2011-та година.

Тој договор ја покрива технологијата која се користи во „Android“ паметните телефони на „Samsung“, a според неа јужнокорејската компанија за секој продаден телефон мора да му уплати на „Microsoft“ одреден износ, кој засега не е споменат.

Во тужбата поднесена до судот во Њујорк, „Microsoft“ го обвинува „Samsung“ дека престанал да го почитува патентниот договор, откако „Microsoft“ ја купи финска „Nokiа“.

Откако стана водечки светски играч на пазарот на паметни телефони, „Samsung“ одлучи кон крајот на минатата година да престане со почитувањето на договорот со „Microsoft“, користејќи ја „Nokiа“ како изговор за кршење на договорот, напиша на својот блог заменикот главен советник на „Microsoft“, Давид Хауард.

„Microsoft“ се одбидува да конкурира на пазарот на мобилни телефони со производи кои работат на „Android“ оперативен систем. Во склоп на тоа, од производителот на „Android“ уреди бара да му плаќаат авторски надоместок.

Повеќето големи производители, како „Samsung“, „LG“ и „HTC“ прифатија да плаќаат, а од големите играчи единствено на тоа се спротивставува „Motorola“, која порди тоа води правна постапка против „Mirosoft“ уште од 2010-та година.

„Samsung“ во текот на првите години од потпишувањето на договорот плаќаше за авторски надоместок, но откако „Microsoft“ објави за купувањето на „Nokiа“, одби тоа да го прави во иднина, тврдејќи дека со купувањето на финаската компанија, „Microsoft“ го прекршил договорот.

Подоцна „Samsung“ плати, но одби да ја подмири каматата. „Samsung“ исто така тврди дека паметните телефони кои „Microsoft“ ги продава по купувањето на „Nokiа“ не се покриени со патентниот договор. „Microsoft“ сега од судот бара да утврди дека тоа не е вистина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП