3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтагнација на руските туристички патувања во странство

Стагнација на руските туристички патувања во странство

russian-tourists

Од Русија годинава би можело да дојде до стагнација на туристичките патувања во странство поради слабеењето на рубљата, кризата во Крим и проблемите во Украина, со што од тој пазар би се запрел повеќегодишниот тренд на голем пораст на тие патувања.

Ова се проценките добиени од најновата анализа за рускиот туристички промет во странство на светската туристичка берза ИТБ Берлин и консултантската куќа ИПК Интернешнл, која во овонеделната објава заклучува дека руските туристи и годинава најмногу патуваат во Турција, дека Германија за нив е се попопуларна дестинација и оти се во опаѓањe, претходно многу популарните патувања во Египет и Кина.

Од 2010 до 2013 година патувањата од Русија изнесуваа околу една третина од вкупниот раст на странски патувања на Европејците, а повеќето од нив се реализирани од Москва и Санк Петерсбург.

Кон почетокот на годината се предвидуваше дека руските туристички патувања и натаму ќе бидат во пораст, но поради економските и политички проблеми, аналитичарите сметаат дека овој пар, после повеќе години, ќе стагнира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП