5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК бара компании за обнова нa 10 железнички станици во Македонија

ЕК бара компании за обнова нa 10 железнички станици во Македонија

stanica zeleznicka veles

Европската комисија денеска на својата интернет страница објави оглас со кој бара компании за рехабилитација, надградба и реконструкција на 10 железничките станици во Македонија долж пан-европскиот коридор 10, вклучувајќи го и кракот 10-д, согласно најдобрите практити во Европската Унија.

Со проектот за рехабилитација, надградба и реконструкција ќе бидат опфатени железничките станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар. Краен рок за поднесување на понудите на заинтересираните компании е до 30-ти следниот месец до 12 часот.

Целта на проектот е подобрување на целокупниот квалитет на услугите за патниците и карго- превозот, зголемувајќи ги техничките стандарди и капацитети на 10 железнички станици кои се лоцирани на коридорот 10 и кракот 10-д во Македонија.

„Предвидено е реновирање и надоградба на сите главни елементи на железничките станици, како што се водоводната и електричната инсталација – вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, санитариите, инсталација на системи за греење и ладење, системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на пристапноста за товарен транспорт и достапност и поврзување со патниот транспорт (јавен и индивидуален). Посебно внимание при реализирањето на овој проект ќе се обрати на подобрувањето на пристапноста за лицата со намалена подвижност“, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Со проектот, меѓу останатото, ќе бидат целосно заменети крововите, подовите, ќе се санираат фасадите и внатрешните ѕидови, ќе биде поставена нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети кои ќе бидат посебно оспособени за користење и од страна на инвалидизирани лица. На платото пред влезот во железничките станици од страна на улицата се предвидува рампа за непречен пристап, а поради сигурност платото е предвидено да се поплочува со тактилна предупредувачка лента по рабовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП