20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолбасите и меленото месо безбедни, се утврдува изворот на листерија

Колбасите и меленото месо безбедни, се утврдува изворот на листерија

kolbasi meleno meso

Колбасите и меленото месо не се причина за појава на бакетријата листерија кај луѓето. Изворот допрва ќе се утврдува.

Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, типот листерија пронајдена во храната воопшто не соодветствува со онаа кај заболените лица, ниту количински е застапена над дозволеното ниво пропишано со Правилникот и европските стандарди.

„Листерија има, но во минимални количини, под 10 колонии на грам што е далеку под дозволеното ниво од 100 колонии на грам во рамки на рокот на траење на производот“, рече директорот на АХВ Дејан Рунтевски на прес-конференција.

Останува препораката колбасите и меленото месо термички добро да се обработуваат. Според Рунтевски, во тек е земањето примероци од храната во прометот со цел утврдување евентуално присуство на листерија и во увезените производи.

При анализите направени на Ветеринарниот факултет, испитани беа 610 од вкупно 750 мостри од месната и млечната индустрија. Притоа, 23 биле позитивни на листерија. На 16 е направена генотипизација која не покажала ниту едно совпаѓање со листеријата кај заболените лица, додека на осум е извршено квантитавно испитување – утврдување на количинската застапеност.

Бактеријата листерија вообичаено ја има во погоните, домаќинствата, лоцирана е и на работните површини. Се смета за перзистентен, постојан контаминент.

Во Македонија изминатиов месец од листерија заболеа вкупно осум лица од кои четири починаа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП