2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ ги промовира кованите пари за колекционерски цели

НБРМ ги промовира кованите пари за колекционерски цели

kovani pari nbrm

Народната банка на Република Македонија денеска ги промовира новите ковани монети за колекционерски цели – „Св.Кирил и Методиј“, „Лав“ и „Девица“.

Како што соопшти гувернерот Димитар Богов, парите се, пред се, наменети за нумизматичарите од европскиот пазар, но ќе се продаваат и на домашниот доколку има интерес.

„Св.Кирил и Методиј“, од сребро и позлатена, е изработена во две големини, од половина килограм која чини 49.000 денари и од една унца вредна 3.800 денари ако е во луксузно пакување, односно 3.450 денари доколку е во обично пакување.

„Лав“ и „Девица“ ќе се продаваат по 2.700 денари.

Изработени се вкупно 12 монети, секоја во по 50 примероци, и засега може да се купат во Народната банка.

Активностите за изработка на кованите колекционерски пари почнаа пред две години.

„Монетите се наменети пред се за европскиот пазар, а мала количина се продава и на домашниот кој се уште се тестира бидејќи НБРМ досега не издаваше колекционерски пари“, истакна Богов.

Партнер на НБРМ за пласман на монетите во Европа е швајцарската Интернешнал коин хаус, избрана на претходно објавен повик. Според Богов, се размислува и за продажба на ковани пари во САД со оглед дека до Централната банка веќе се јавила заинтересирана куќа од Америка.

Монетите со хороскопски знаци се изработени по предлог на Интернешнал коин хаус, а „Св.Кирил и Методиј“ е по сугестија на НБРМ.

Одговорајќи на новинарско прашање, гувернерот оцени дека дискусиите за јавниот долг што деновиве ги слуша, се главно политички.

„Податокот дека јавниот долг изнесува 51 отсто од БДП не е точен и не би го коментирал. Точните бројки треба да ги видите и според нив да коментирате. Она што ние имавме да го кажеме, го кажавме во вчерашното соопштение. Монетарната политика има јасно зацртани цели и ние тие цели ги исполнуваме во континуитет и ќе ги исполнуваме и во наредниот период. Се додека го кажуваме тоа, нема простор за загриженост“, рече Богов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП