2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСанкциите против Русија потенцијална закана за 1.000 работни места во Чешка

Санкциите против Русија потенцијална закана за 1.000 работни места во Чешка

covek so cesko zname

Како последица од економските санкции кои ЕУ ги презема против Русија, во Чешка би можело да бидат загрозени 700-1000 работни места, изјави министерот за индустрија и трговија, Јан Младек за чешката државна телевизија ЧТ.

Младек повтори дека во основа анти-руските санкции нема драстично да влијаат на домашните фирми, додавајќи дека вистинската слика зависи од тоа како Русија ќе реагира на мерките, јави дописникот на МИА од Прага.

Министерот се сретна со претставници на градежните домашни компании со цел да се најде решение за проширување на пазарот, поради губење на рускиот пазар во моментот.

Земјите на ЕУ одобрија нови економски санкции против Русија поради нејзиното однесување кон украинската криза, кои ќе се применуваат од денеска.

Санкциите се однесуваат на неколку области и тоа во врска со ограничувањето на пристапот на Русија кон пазарите на капитал на европските фирми. Граѓаните на ЕУ сега нема да можат да купуваат или продаваат руски акции и обврзници или други финансиски инструменти со рок на исплаќање повеќе од 90 дена, издавани од големи руски државни банки, банки за развој или други институции што ќе дејствуваат во нивен интерес.

Исто така, ќе биде воведено ембарго на увоз и извоз на оружје и производи кои се наведени во постоечките заеднички листи на ЕУ како воена опрема.

Одобрена е и забрана за извоз на стока и технологија за двојна употреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП