25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКисилоф: Аргентина не е во состојба на банкрот затоа што ги исполнува...

Кисилоф: Аргентина не е во состојба на банкрот затоа што ги исполнува обврските кон кредиторите

Protesters carry a large Argentine flag during an anti-government dem

Аргентина не е во состојба на банкрот затоа што ги исполнува своите обврски кон кредиторите, изјави вчера министерот за економија на оваа јужноамериканска држава, Аксел Кисилоф, цитиран од ИТАР-ТАСС.

На прес-конференција во Буенос Аирес министерот одлуката на њујоршкиот судија Томас Гриеса ја оцени како „судски факт без преседан во историјата”. Судијата ја задолжи Аргентина на шпекулативни инвестициски фондови да им исплати 1,33 милијарда долари, на штета на останатите 93 проценти од кредиторите кои ги прифатија условите за преструктурирање на државните обврски.

Министерот потсети дека на 26 јуни Владата на Аргентина веќе плати 1,2 милијарда долари, од кои 539.000 на сметката на „Банк оф Њујорк Мелон“ (Bank of New York Mellon).

Овие средства беа наменети за имателите на обврзници, кои се согласија со предлогот од Буенос Аирес за преструктурирање на долгот.

Њујоршкиот судија Томас Гриеса, меѓутоа, го запре ова плаќање, посочувајќи дека Аргентина прво треба да се раздолжи со кредиторите, кои судски го добиле побарувањето, а на кои земјата е задолжена да им плати 1,33 милијарда долари и како краен рок им го определи 30 јули.

Третата по големина јужноамериканска економија, меѓутоа, не успеа да постигне спогодба со кредиторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП