
Во Радовиш денеска ќе почне изградба на нова технолошка индустриска развојна зона.


Во Радовиш денеска ќе почне изградба на нова технолошка индустриска развојна зона.
ТИРЗ Радовиш ќе зафаќа површина од 10 хектари.
Во текот на месецов треба да биде поставен камен темелник и за изградба на ТИРЗ Струга.
Во тек е тендер за избор на компанија која ќе ги изврши градежните активности за изградба на ТИРЗ Ранковце.
Владата донесе одлука и за основање технолошко индустриски развојни зони во Берово и во Виница.
Со тоа се заокружуваат 14 од 15-те предвидени ТИРЗ во Програмата за работа на Владата.
Според најавите, Владата, треба да донесе одлука за основање на ТИРЗ и во Делчево.