2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија го блокира постигнувањето меѓународен договор за олеснување на трговијата

Индија го блокира постигнувањето меѓународен договор за олеснување на трговијата

india

Светската трговска организација (СТО) вчера не успеа да постигне договор за стандардизирање на трговските правилa, што би претставувало прва глобална трговска реформа во период од две децении, поради блокадата на Индија.

Индија бара отстапки во однос на прашањето за складирање на житарки и субвенциите во секторот, пренесува ИТАР-ТАСС.

Поради позициите на Индија, земјите членки на СТО не постигнаа согласност по прашањето до истекот на крајниот рок 31 јули, според протоколот што би дозволил стапување во сила на еден од најзначајните договори постигнати на Деветата министерска конференција на организацијата, одржана во декември минатата година во Бали.

Договорот предвидуваше олеснување на трговијата со стандардизирање и рационализирање на царинските постапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП