2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛукоил ги продава бензинските станици во Украина

Лукоил ги продава бензинските станици во Украина

lukoils 3

Компанијата Лукоил потпиша договор за продажба на својот бизнис во трговијата со горива на мало во Украина на австриската компанија „AMIC Energy Management GmbH“.

Иницијативата за трансакцијата е на Австријците, кои се изјасниле интерес да се здобијат со бизнисот на руската компанија. Засега нема никаква информација за вредноста на трансакцијата, која вклучува 240 бензински пумпи и 6 нафтени бази на територијата на Украина.

Според високопоставен шеф на Лукоил, продажба ќе и олесни на компанијата да го оптимизира својот бизнис во Источна Европа. Од своја страна, претставник на Австријците изјави дека тие прават уште еден чекор кон зголемување на средствата во регионот на поранешните земји од СССР и Источна Европа.

Договорот доаѓа и по неколку месеци на блокирање на работата на руската компанија од националистичката украинска фракција „Десен сектор“.

Лукоил ги продаде и своите средства кои се наоѓаат во Крим пред три месеци на локален оператор.

Откако трансакцијата биде финализирана, единствената сопственост на руската компанија во Украина ќе остане петрохемискиот комбинат „Карпатнехтехим“, но тој не работи поради ситуацијата и недостатокот на безбедност.

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП