12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономската дипломатија клучна во ангажманот на амбасадорот Ангелов во Грција

Економската дипломатија клучна во ангажманот на амбасадорот Ангелов во Грција

darko-angelov1

Новоименуваниот македонски амбасадор во Грција Дарко Ангелов вети дека во својот мандат ќе се фокусира на комуникацијата, видливоста на македонските ставови и на економската соработка. Презентирајќи ги тезите за своето делување пред членовите на собраниската Комисија за надворешни работи, тој подвлече дека неговото влијание врз решавањето на прашањето за името е многу ограничено.

„Проблем во односите со Грција во голема мера е ограничената комуникација. Ќе се обидам да создадам лични релации на доверба со грчката страна. Aкцент ќе ставам на економската дипломатија со оглед на бројните грчки инвестиции, но колкуможам да помогнам околу спорот за името е прашање“, истакна Ангелов.

Тој посочи дека ќе биде успешен и активен колку што ќе му дозволи средината.

„Ќе бидам максимално активен за градење релации на доверба со кои би се овозможило придвижување на работите, како и во јавната дипломатија, да се сфати дека Македонија не е непријател туку држава, која сака да гради добри односи“, рече Ангелов.

Тој истакна дека на ова амбасадорско место доаѓа од сосема друга средина, од пријателска Унгарија, која, како што вели, од пасивен поддржувач ја престори во активен поддржувач на Македонија. Ќе биде задоволен, вели, доколку активниот попречувач на нашите интеграции – Грција, го престори во пасивен попречувач.

Пратеникот Кенан Хасипи оцени дека просторот за негова работа ќе зависи од развојот на настаните со спорот околу името и му препорача неговата работа да се заснова најмногу на одржување добри економски односи бидејќи, како што рече, барем на тоа поле имаме сериозни економски инвеститори, а процесот е билатерален.

Павле Трајанов од ДС побара транспарентно да се презентираат нашите ставови во грчката јавност.

„Имате тешка задача, но не треба да сте песимист, не се работите сосема онакви какви ние ги чувствуваме. Не се Грците толку оптоварени со нашето прашање, тоа е повеќе работа на политичките елити кои го користат за изборен маркетинг“, вели Трајанов.

Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, пак, со оценка дека Ангелов го чека Сизифовска работа.

„Јас немам илузии за романтичен пресврт во односите додека Самарас е на чело, ако големи земји членки на НАТО и ЕУ не вложат поголем дипломатски и политички капитал за разрешување на овие проблеми кои Грција ги создава во регионот“, рече Милошоски.

Пред Комисијата за надворешни работи денеска експозеа дадоа и новите аасадорки во Австрија Василка Попоска-Треневска и во Швајцарската Конфедерација Екрем Ебиби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП