25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабавува инфлацијата во еврозоната

Забавува инфлацијата во еврозоната

inflacija 3845

Инфлацијата во еврозоната опадна за повеќе од очекувањата во јули, според новите податоци кои денеска ги објави Еуростат. Инфлацијата во земјите кои го користат еврото, се намалила до 0.4% во јули, што се покажа под просекот на очекувањата на аналитичарите за вредност од 0,5%.

Тоа е најниско ниво на инфлација од октомври 2009-та година, па наваму. Најмногу за доцнењето на инфлацијата придонесоа енергетските цени, а во јули пад регистрирале уште цените на храната, алкохолните пијалаци и цигарите.

Шпанија регистрираше дефлација – негативен раст на потрошувачките цени. Сериозно забавување постигна инфлацијата и во Германија, намалувајќи се до 0.8% во јули во однос на инфлацијата од 1%, еден месец порано.

Аналитичарите од „BNP Paribas“ предвидуваат дека нивото на инфлација во еврозоната ќе се задржи околу тековните ниски нивоа и во следните неколку месеци, а ризиците остануваат во насока на пониска инфлација.

Инфлацијата се следи исклучително внимателно од Европската централна банка. Ниското нејзиното ниво тера голем број пазарни набљудувачи да очекуваат понатамошни мерки на стимулации од страна на финансиската институција.

Многу аналитичари изразуваат стравувања дека дефлацијата може да е главен проблем за реконструкција на европската економија. Извршниот директор на италијанската осигурителна компанија „Generali“, Марио Греко веќе предупреди дека на еврозоната и се заканува сериозна дефлација.

„Ситуацијата во Европа е многу вознемирувачка. Еврозоната претежно е во состојба на дефлација“,изјави Греко за „CNBC“.

Податоците се додадоа кон слабите резултати на еврото во однос на доларот, што се тргува веќе трајно под клучното ниво од 1.3400 и според голем број на професионалци падот на единствената валута може допрва да се продлабочи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП